речник контакт

Два случаи за отруени кучиња во Тиквешијата

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите од Сирково и Неготино

Петар Печков

За една вечер во Тиквешијата две пријави за отруени кучиња, инфомираа од велешката полиција.

„На 04.11.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, Љ.Д.(61 год) од село Сирково, општина Росоман, пријавил дека во дворот од семејниот дом го пронашол мртво неговото куче и се сомнева дека било затруено“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, кучето било подигнато за обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. 

 Втората пријава била истата вечер, нешто подоцна.

„На 4 ноември во 22:20 часот, А.К.(44 год) од Неготино пријавила дека на улица „Ленинова“ во Неготино пронашла куче со пена на устата, за кое се сомнева дека било затруено. Известен бил инспектор за животна средина“ - дополни Ѓаковска. 

Увид извршила екипа од ОВР Неготино. Полицијата  презема мерки за расчистување на настаните.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »