Петар Печков
Објавено: вторник, 08 декември 2020
По подолго време, смртен случај во велешка Болница, последица на ковид заразата. Од оваа здравствена установа, д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес соопшти дека се регистрирани два смртни случаи.
Починати двајца пациенти во тек на вчерашниот ден, жена на 72 години од Велес префрлена од интерно истиот ден како позитивна на ковид со ниска сатурација на кислород и пневмонија и маж на 75 години од Велес примен на инфективно одделение претходниот ден во тешка состојба, позитивен на ковид - информираше д-р Николовска Неделкова.
Ова се 72-ра и 73-та жртва на корона вирусот.
Tweet |