Петар Печков
Објавено: четврток, 03 декември 2020
Во Велес денес се регистрирани два смртни случаи на лица позитивни на ковид-19. Еден е пациент од Инфективно одделение, за кој информираа од велешката Болница, починат е маж на 72 години од Велес примен на 29-ти ноември, потврден позитивен. Вториот случај за кој соопшти Министерството за здравство е почината жена на 73 годишна возраст, која починала на клиниките во Скопје. Таа од Инфективно одделение е префрлена на 24 ноември, како потврдена позитивна.
Од Министерството за здравство како позитивен случај со корона вирусот, го водат пациентот кој почина пред два дена во велешката Болница, маж на 71 годишна возраст, кој имал ниска сатурација, но не бил потврден.
Со ова бројката на смртни случаи починати од компликации на ковид-19 во велешко се искачи на 70 лица.
Tweet |