речник контакт

Дваесет и шест ново регистрирани случаи на позитивни на ковид-19 во велешко

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е 42

Петар Печков

И изминатите 24 часа во велешко  преку дваесет лица се ново заразени, точниот број е 26 а оздравени се  15, соопштија од Институтот за јавно здравје. Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко е  343 лица.

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти падна  на  42, од нив 20 се на Инфективно одделение, 18 во Модуларната болница, додека на Интерно  се четворица   пациенти.  

„Примени се четворица нови пациенти, еден е на Инфективно и тројца во Модуларната Болница, поточно префрлени од Интерното одделение,    ново примени пациенти. Испишани  се осум  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 33 се потврдено позитивни, осуммина   се негативни, но со потреба од продолжено лекување   а еден пациент е непотврдени  На кислородна поддршка се 20 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »