речник контакт

Дванаесет случаи на туберкулоза во регионот за осум месеци

Ја има во велешко, Овче Поле, Неготино, Демир Капија. Недела на броба против туберколозата

Петар Печков

Оваа седмица е Недела на борба против туберкулозата и заеднички ја одбележуваат    Амбулантата за туберкулоза и белодробни заболувања – Велес  и  Општинскиот Црвен крст. Годинешно мото е ,,Со здружени сили против туберкулозата,,. Амбулантата  која работи  во рамките на Општа Болница Велес е регионален центар кој го покрива Повардарјето и Овче поле.  Во 2014-та имало 8 ново заболени, лани   четири   а годинава до август има 12 случаи.

Оваа бројка не е индикатор дека имаме   туберкулоза во пораст. Туку дека тоа  така се случило, едноставно избувнала. Седум лица од заболените биле БК позитивни. Лицата се заразуваат само преку болен, никако на друг начин. Таа се шири преку воздух, кивајќи кашлајќи и при говор. Од моментот на зараза до појавувањето  на првите симптоми можат да поминат неколку месеци до една година.    Лекувањето на  туберкулозата е бесплатно и лековите ги даваме тука во Амбуланта – рече д-р   пневмофизиологот д-р Анета Ковачки од Диспанзерот за белодробни заболувања и туберкулоза. Оваа болест е на сиромашните. 

 Од  ново заболените три се жени, два случаи се на вон  белодробни, два рецидиви- порано заболени лица.    Најмладиот пациент е 3,5 годишно дете а највозрасниот има 82 години. Од овие 12 случаи најмногу се во Велес а ги има и во Неготино, Свети Николе, Демир Капија.  Симптомите на белодробна туберкулоза  се: искашлување,  малаксаност, замор, бледнеење, губење тежина,   температури при квечер од 37,2  степени од необјаснива природа, како и потење на горниот дел од телото.   Кај тие од лимфните јазли потечен врат,   на бубрезите се чувствува тапа болка и крвава урина. 

 Туберкулозата се уште постои,  но се лекува и се излекува. Последните години во Македонија има тренд на опаѓање и до 2030-та година таа треба да исчезне од подрачјето на државата. Секој орган може да биде зафанат од ова болест, не само белите дробови. Во земјава има регистрирано два случаи на мултирезистентни, кои се лекуваат единствено болнички, бидејќи се отпорни на повеќето  лекови  за оваа болест – додаде д-р Ковачки. 

Пред десетина години бројката на заболени во земјава била околу 600-тини , но тоа е    постојано во  пад.  Во 2015 ново заболени имало 384 а од нив 80 отсто биле со белодробна туберкулоза. Просечната возраст на заболените е од 45 до 55 години со тенденција да оди и повисоко до 65 год.   Оваа седмица, во рамките на проектот се одржуваат  предавања по училиштата, Пензионерските домови, месните заедници. 

Во светот годишно заболуваат до 9 милиони луѓе, еден  милион се деца а  1  до 1,5 милиони умираат  -150 илјади  деца. Смртноста е поголема отколку кај  СИДА-та.  Траењето на лекувањето е 6 месеци а кај тие со рецидиви до 8 месеци. Таа не е наследна. За ширење на болеста, влијаат  тешките социјални  услови на населението во земјата, влажните простории,  како и недоволната лична и семејна хигиена. Превентивата е многу важна, а тука спаѓа и редовната вакцинација, која започнува уште од првата година возраст.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »