речник контакт

Двапати помалку прекршока на велешани по законот за јавна чистотата

Лани најчести прекршоци на велешани се фрлање отпушок, плукање и фрлање отпадоци семки, хартија

Петар Печков

Велешани повеќе сакаат да одат пред Комисија за прекршоци  отколку да ја платата глобата по Законот за јавна чистота.  Ова го покажуваат бројките од годишниот извештај за работа  на полициската станица Велес. 

Минатата година регистрирани се помалку прекршоци во однос на 2012-та или имало двојно помалку, 215  споредбено со 518. Од констатираниве прекршоци 33 граѓани одлучиле да работат општо корисна работа во ЈКП Дервен додека само 2 ја  платиле глобата. Во 2012 година тој сооднос бил 141 работеле општо корисна работа а 11 ја платиле глобата.

Останати лица кои предизвикале прекршок по Законот за јавен ред  се  предадени  до Комисијата за прекршоци  при Министерството за транспорт и врски со барања за поведување на прекршочна постапка .

Најчести прекршоци кои велешани ги направила лани полициските службеници ги регистрирале се фрлање отпушок од цигара, плукање и фрлање отпадоци на јавни површини, семки, хартија. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »