Петар Печков
Објавено: вторник, 05 септември 2017
Унгарски автомобил утрово излета од пат, кај Демир Капија, двајцата патници со тешки повреди. Според велешката полиција, сообраќајката се случила околу 7ч. на патот Неготино -Гевгелија, самиот влез во тунелите кај Демир Капија, кога автомобилот марка ,,форд моднео,, со регистарски таблички од Будимпешта, излетал од патот. Двајцата патници со возило на Брзата помош од Неготино биле превезени во Општата Болница во Велес. Вадењето на патниците од оштетениот автомобил било отежнато оти бил тешко оштетен.
Утрово се примени двајца патници, мажот е со повреда и крвавење во глава, повеќекратни скршеници на лево рака и рамо, во сомнолентна прекомантозна состојба а жената е со сериска фрактура на девет ребра од лева страна и контузија на градите. Веднаш се препратени и премини се во Ургентен во Скопје – изјави д-р Влатко Вишинов, началник на хируршко одделение.
Имре Т. (59 год) и Имрана Т. (61 год) патуваше од Будимпешта за Грција на одмор. Увидот и техничкиот преглед на возилото треба да одговорат зошто тоа излетало од патот и се превртело, по што двајцата сопружници се тешко повредени. Поради сообраќајката, делницата до автопатот Неготино до Гевгелија се одвиваше со застој од 7,10 до 10 ч.
СВР Велес информираше и за сообраќајка, која се случила во понеделникот навечер, близу крстосница ,,Панини,,
На 04.09.2017 година околу 21.45 часот на крстосницата од ул. „Наум Наумовски“ и ул. „Благој Ѓорев“ во Велес се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Велес удрило во пешакот Н.Ѓ. (60) од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ѓ., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Велес. По укажаната лекарска помош таа била задржана на понатамошно лекување – пишува со писменото соопштение на МВР
Tweet |