речник контакт

Двајца арамии фатени на дело

Од канцеларија на адвокат, од сефот одзеле 250 илјади денари и девизи

Петар Печков

 Велешките полицајци фатиле двајца арамии  на дело. В.Т. (52 год) и Ј.К. (46 год) од страна на полицајците  биле забележани, како излегуваат од зградата на улица Гоце Делчев во која  била сместена канцеларија.

По неочекуваната средба со полицајците,    кои биле на служба  и за кои било чудно, што двете лица работат така рано наутро, во неработен ден во зградата каде има  повеќе адвокатски канцеларии, настанала бркотница по улиците, и двајцата сторители биле фатени.

 Осомничените ноќта сабота спроти недела  насилно ја отклучиле влезната блиндор врата од адвокатската канцеларија лоцирана на улица „Гоце Делчев“ во Велес и откако влегле внатре,  насилно го отвориле металниот сеф од каде одзеле околу 3650 евра, 480 долари, 9450 денари и други предмети. Повторно ја заклучиле влезната блиндор  врата и го напуштиле лице местото.  Околу  пет часот утрото  осомничените се забележани од полициски службеници кои во моментот вршеле служба и лишени се од слобода. При прегледот кај нив пронајдени се и одземени  повеќе клучеви- калаузи, капи за маскирање- фантомки, ракавици и алат за разбивање хебла, метална цевка. Исто така, во помошна просторија лоцирана на улица Страшо Пинџур во Велес, односно местото каде едниот од пријавените се криел, пронајдени се и сите банкноти кои претходно се одземени од адвокатската канцеларија - информираше Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.  

Тие поднесоа кривична пријава против лицата В.Т. и Ј.К.  двајцата од Велес , поради основи на сомнение дека заедно сториле едно кривично дело „тешка кражба“ од адвокатска канцеларија во Велес, при што причиниле вкупна материјална штета од околу 250 000 денари. На пријавените им е изречена мерка притвор од осум дена.  На двете лица  им се изрекувани повеќе затворски казни за различни кривични дела.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »