речник контакт

Двајца велешани ноќеска не го почитувале полицискиот час

Се намали бројот на лица во изолација а се зголеми на лица во самоизолација

Петар Печков

Во текот на изминатото деноноќие, 04/05.мај  СВР  Велес забраната за движење не ја почитувале две  лица од  Велес.  Во овој период нема нови регистрирани лица со Решенија за изолација, а со Изјава за самоизолација има седум во Велес, информираше Верољуб Додевски, портпарол ан СВР Велес 

Вкупно во Велес  со Решение во изолација има 75 и се намали во однос на претходно кога имало 83, а со Изјава за самоизолација има 43 лица или повеќе од ден претходно кога имало 36 лица. 

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »