речник контакт

Двајца велешани ладнокрвно убиени среде Скопје

Мотивот за убиството е наводен паричен долг кој осомничениот го имал кон убиените

Петар Печков

Во счетвртокот вечер околу 19,40 часот во Скопје на бул. “Јане Сандански“ бб, во ТЦ-13 Ноември или меѓу граѓаните познат како “Три Бисери“, во рибниот ресторант “Биг Фиш“, од страна на непознато машко лице вооружено со автоматска пушка која ја носел во ПВЦ вреќа, испукал три пати рафално во лицата Јордан Јорданов (28) од Велес, Владо М. (35) од Скопје (вработен во МВР на РМ) и Влатко Андреевски (26) од Велес, кои биле  гости во ресторантот, по што излегол и со возило „Опел Корса“ го напуштил местото на настанот.

Од  здобиените повреди Јордан Jорданов починал на самото место на настанот, додека пак Владо М. и Влатко Андреевски и покрај  укажаната лекарска помош, починале во Ургентениот  центар.

По дознавање за настанот на лице место излегоа полициски службеници  од СВР-Скопје. Известени се Истражен судија и Заменик јавен обвинител кои  излегоа на лице место, а увидот го препуштија на увидната екипа на ОКТ при СВР-Скопје кои извршија увид и од лице место, меѓу другото, пронајдоа и за вештачење ги предадоа следните материјал: чаури, фрагменти од проектили, куршуми, мобилни телефони, автоматска пушка и друго. 

По наредба на Истражен судија и Јавен обвинител телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.

Во петокто наутро околу 07,00 часот со осомниченото лице Тони Денковски од Скопје извршен е разговор, кој притоа ги појаснил мотивите за стореното кривично дело, односно дека причината за извршување на делото биле притисоците и вербалните закани што подолг перид ги добивал од сега починатиот Јордан Јорданов за наводен паричен долг.

Инаку, лицето Тони Денковски во крим-евиденцијата на СВР-Скопје е регистриран како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против истиот повеќепати од страна на судот се изрекувани воспитни мерки, мерки за засилен надзор и казни затвор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »