речник контакт

Двајца велешани на Балканскиот шампионат во мотокрос

Ванов и Караколев возеа во Јаница, а за Мото Велес возеа и двајца Грци

Петар Печков

 На патеката Јаница во Грција викендов се одржа првиот натпревар од Источно Европското првенство и  Балканскиот шампионат во мотокрос.На натпреварот учествуваа и двајца велешани, кои возеа во класата  МХ2  Драган Ванов и Виктор Караколев членови на МК Мото Велес. За младите возачи ова беше прва трка од ваков карактер, со 36 возачи во конкуренција.

Драган Ванов прикажа солидно возење во двете трки, а во тоа му помогна искуството од трките од домашниот шампионат. Тој на првата трка заврши на 30-та позиција, а на втората трка се искачи на 25-то место.  Виктор Караколев немал среќа. Имал  проблем со неговиот мотоцикл па морал да се повлече и да остане без пласман од Јаница. На квалификациите тој возеше време од 2:10.529 кое беше доволно за 28-та позиција во конкуренција на 36 возачи, ако извозеше идентично.

Со македонска лиценца (како возачи на МК Мото Велес) настапија  возачите од Грција Атанасиос Папаниколау и Панајотис Сидеропулос во класата МХ. Тие во првата трка ја забележаа 20-та и 22-та позиција, додека пак во втората трка Атанасиос се искачи на 10-та позиција, а Панајотис беше 21-ви.

 фото: motori.mk

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »