речник контакт

Двајца велешани нападнале полицаец

Втор случај за десет дена, како во Велес физички е нападнат полицаец на работна задача

Петар Печков

Во саботата наутро, кај пекарница во Трговскиот центар во Нова населба во Велес двајца  велешани нападнале полицаец. Инцидентот се случил во 5,45 ч. на ул. Благој Ѓорев,  откако  полицајците дошле да интервенираат, по претходно нарушен јавен ред и мир. 

А.М.( 28 год) од Велес ги омаловажувал полициските службеници кои биле на местото на настанот. По ова физички нападнал полициски службеник, го потегнал за јакната, а потоа со рака го удрил во пределот на градите. Потоа му се заканил дека ќе го извади пиштолот и ќе испука 10 куршуми во неговата глава. Од страна на полицискиот службеник бил одбиен нападот и со употреба на физичка  сила захват- полуга на лева рака. Напаѓачот  А.М. бил соборен на земја, врзан со лисици и доведен во послушна состојба. При интервенцијата, А.А.(31 год) од Велес, кој бил во друштво со А.М., замавнал со нога кон полицискиот службеник за да го спречи да го врзе А.М. со лисици, но од страна на други полициски службеници истиот бил спречен. Над него било употребено средство за присилба- полуга на двете раце и лисици за врзување. А.М. и А.А. се лишени од слобода и доведени во Полициска станица Велес за понатамошна постапка – информираа од МВР.

Ова е втор случај за десетина дена во  Велес, како е физички  нападнат полицаец.  Претходно на 14 октомври две лица, во центар на градот, нападнаа сообраќајка, која го сопрела да ги  легитимира. Тие ја нападнале, ја навредувале, ја влечеле за униформата и ја удирале. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »