речник контакт

Двајца велешани ограбувале мигранти на Железничка во Гевгелија

Во еден случај нападнале Македонци а во вториот пукале и со плашливец

Петар Печков

МВР  поднесе   кривична пријава, против  двајца велешани за  две кривични дела. Осомничени се    В.Ј (27) и К.Г (24) и двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сториле  “разбојништво” и „разбојничка кражба“ над македонски и сириски државјани на подрачјето на Гевгелија. Пријавените на  12 и  13.август  годинава, во периодот  од 23,40 до 04,00 часот, кај кружниот тек кај железничка станица во Гевгелија,  забележале две малолетни лица од кои едниот на рамото носел кожна ташна (бубрег).

К.Г. го запрел возилото а В.Ј. ја отворил совозачката врата и трчајќи кон двете деца им се обратил на англиски јазик мислејќи дека се мигранти од Сирија. Откако ја фатил ташната со раце и насила се обидел да ја одземе малолетните лица му се обратиле на македонски јазик по што истиот ја пуштил ташната и побегнал во возилото. Веднаш со голема брзина го напуштиле местото на настанот. 

Подоцна околу 03,30 часот пријавените го паркирале возилото на улица од јужната страна од градскиот парк, пристигнале во паркот каде спиеле 40 сириски мигранти. Откако В.Ј. кај еден од нив забележал дека под главата има светло-сина торбичка, со намера да му ја одземе ја фатил со раце но бидејќи била обвиткана со рачките преку рамо на дрзок начин ја извлекол и почнал да бега во правец на паркираното возило во кое го чекал К.Г..

Додека бегал оштетените видно вознемирени трчале по него по што во еден момент В.Ј. во воздух од гасен пиштол испукал еден куршум и продолжил со трчање на кај возилото оддалечувајќи се од местото на настанот. Идентификувани се сторителите за кои постои основи на сомнение дека се сторители на кривичните дела, а В.Ј. во моментот е во бегство и се превземаат мерки за негово пронаоѓање додека К.Г. е пронајден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »