речник контакт

Двајца велешани подведувале малолетнички на проституција

Двајца велешани, полицаец и таксист, дел од организирана група за подведување на малолетнички на проституција.

Петар Печков

Полицијата уапси шест лица меѓу нив и двајца велешани, полицаец и таксист,  кои се осомничени за трговија со луѓе откако полицијата во Гостивар пронашла две девојки на возраст од 16 и 17 години од селото Лозово, кои четири дена биле принудувани на проституција. 

Полицаецот И. С. (32) од Велес од одделот за обезбедување амбасади и Б.В. (33) таксист од Велес заработија и кривични пријави и месец дена притвор. Полицијата го уапсила нивниот колега под сомнение дека бил организатор на група трговци со луѓе.  Девојките пред да завршат како бели робје наместо да си заминат дома, во село Лозово, со такси - возило биле однесени во Скопје, каде што почнал нивниот пекол.

Трговците со луѓе ги пренесувале од хотел во хотел нудејќи ги како бели робје за сексуални услуги. Полицијата успеала да им влезе во трага на макрото,  по што биле уапсени шестмина, а девојките биле спасени.  Сите се осомничени за трговија со малолетник, организирање група и поттикнување извршување трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и шверц на мигранти.

Според полициската истрага, на 22 април двете девојки влегле во такси на велешанецот Б.В. и побарале тој да ги однесе дома. Наместо тоа таксистот ги донел во Скопје со своето „поло класик“, црвена боја со велешки регистарски ознаки. Тој  ги однел девојките кај неговиот сограѓанин  полицаецот И.С., кој им се заканил со зборовите „Вие сега ќе работите за мене бидејќи ми требаат пари!“. Им ги зел мобилните телефони, а потоа ги истепал.

Парите  што девојките ги заработувале требало да завршуваат кај полицаецот, тие за 8.000 денари биле принудени да даваат сексуални услуги

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »