речник контакт

Двајца велешани прободени со нож

Ноќеска поголема група непознати лица нападнале тројцa велешани во дворот на ОУ Васил Главинов, при што двајца се зaдржани во болница поради убодни рани.

Петар Печков


 В.П ( 22 год), Д.З. ( 23 год) и Љ.Ј. ( 27 год)  ноќеска при напад од група непознати лица, се повредени со остар предмет поради што првите двајца се хоспитализирани.

Според СВР Велес настaнот се случил во два часoт по полноќ, кога група од петмина машки и две девојки како посматрачи, ги нападнале трите лица. При тоа  В.П. се здобил со тешка телесна повреда, убодна рана од остар предмет во пределот на грбот, Д.З. со убодна рана во пределот на грбот и скршена клучна коска, додека Љ.Ј. се здобил со полесни телесни повреди.

СВР-Велес ги идентификувало напаѓачите и за  в понеделник најави информација за мотивите за  нападот, како и поднесување соодветни кривични пријави.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »