речник контакт

Двајца велешки провалници во обид за бегство завршија во болница

Во обидот да го избегне одењето во затвор, велешанец Трајче Сиркаров (25), скокнал и си ја скршил левата ногата, по што завршил во болница. На 10-ти април, во 4 часот утрото, со налог да оди во затвор, во одделението во Оризари, велешките полицајци затропале на вратата на Сиркаров, кој живеел на Којник. Отворила мајка му и откако тие покажале налог, таа го повикала Трајче.

Петар Печков

Тој во обид за се спаси од казната, решил да скокне од терасата, од задната страна на куќата, но притоа лошо паднал и ја скршил ногата. Полицијата веднаш го пренела во болницата, каде откако му бил ставен гипс, заминал во затвор. Сиркаров требало да лежи затвор за неколку дела кражби.
 
Велешанецот Нухран Јајовски (33) завршил во болница откако бил тешко повреден, бегајќи од полицијата. Тој скокнал од трети кат од деловен објект. Тешко повредениот, по укажаната помош во болницата во Велес, бил префрлен на лекување во скопскиот Ургентен центар.

Инцидентот се случил на 5-ти април околу 22 часот на улицата Маршал Тито бр 128, во центарот на Велес. Граѓанин забележал дека непознато лице влегува во поранешната зграда на Центарот за згрижување на децата и веднаш ја известил полиција. Таа го пребрала објектот но не го нашла лицето. Еден од полицајците забележал дека на третиот кат бил отворен прозорецот, а кога погледнал во дворот на објектот од задната страна, забележал легнат човек на земјата.Тие веднаш се симнале и го пронашле провалникот со тешки повреди на главта, вилицата и телото.

Полицијата повикала Брза помош, која го пренела повредениот во болница, од каде итно бил пренесен во Скопје. Нухран Јајовски од порано е познат сторител на кражби, за што одлежал и затворска казна и е баран со меѓународна потерница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »