речник контакт

Двајца градежни работници потешко повредени при пад од скеле

Двете лица поради политраумата се пренесени на Клинички во Скопје

Петар Печков

Настанот се случи околу пладне, во 11,30ч. во населба Речани. Двајца градежни работници , при изведување на градежни работи, паднеле од скели, едниот е на 63 другиот на 64 годишна возраст.

„Примивме повик за две повредени лица. Двајцата мажи беа во свесна состојба, згрижени, дадена неопходна помош и префрлени на ортопедија од велешка Болница“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата  а Итна помош.


„Околу 12ч. примени се две лица, мажи, кај кои се констатирани повеќе скршеници по телотом политраума, и поради специфичните повреди префрлени на Клинички во Скопје“ - информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

 Ден подоцна, се огласи и СВР Велес. 

„Повредени  се З.Ж.(63 год) и Ѓ.М.(62 год), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие околу 11 часот, се сдобиле со повреди, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37 год) од Велес“ - соопштија од МВР.

фото илустрација, архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »