речник контакт

Двајца дваесетгодишници се осомничени за разбојништво на бензинската пумпа крај Велес

Л.Т и Д.Ј се осомничени за разбојништво и добија по месец дена притвор

Петар Печков

Л.Т. и Д.Ј двајцата по 20 години од Велес полицијата ги упаси поради сомнение дека се сторители на разбојништвото  од завчера на Бензинската пумпа крај Велес. Против нив е поднесена кривична пријава за разбојништво а  по барање на јавен обвинител,  судија  во претходна постапка им одреди притвор од 30 дена.

Двете момчиња се  осомничени дека  8-ми  мај во 3 часот со закана од секира и ноќ го нападнале вработениот на Бензинската пумпа на Макпетрол 072, на автопатот Скопје – Гевгелија, близу Велес. При тоа со закана  по живот ги побарале парите  од него, но тој се спротивставил, дал отпор повикал полиција преку мобилниот, што момчињата избегале.

Едното  Л.Т. веднаш било фатено оти  налетало на полицијата која била на соседната Бензинска пумпа, додека  второто Д.Ј. е фатено во текот на вчерашниот ден. Двете момчиња биле другари но никој не претпоставувал дека имале и друга цел освен дружењето.

Полицијата истражува дали тие се сторители или учесници на некое од другите пет разбојништва кој во велешко се случија на  бензинските пумпи на Макпетрол  изминатите две години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »