речник контакт

Двајца кавадарчани украле автомобил од сограѓанин, во кој имало риболовна опрема

Двете лица се уапсени во населба Градско

Петар Печков

Вчера, вторник попладне во населба Градско биел уапсени двајца кавадарчани, кои украле автомобил од сограѓанин, во која имала вредна риболовна опрема. Велешката полиција со детали за настанот.


„На 30 август , полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода Х.В.(33) и Е.В (27), двајцата од Кавадарци. Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 29 и 30.08.2022 од дворот на Г.М.(66) од Кавадарци го одзеле неговото патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое имало и риболовна опрема. Одземените предмети и возилото биле пронајдени и вратени на сопственикот“- информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, полицијата  ќе следи соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »