речник контакт

Двајца малолетни браќа од Струмица заедно со велешанец извршиле повеќе разбојништва во градот

Полицијата ги товари дека во три наврати со закани од нож, од продавачките украле 30 илјади денари. Ноќесна ново разбојништво од продавница ан Јурија одземени со закана од нож 14 илајди денари

Петар Печков

Малолетните браќа  Г.П ( 17 год) и Н.П ( 15 год) од Струмица заедно со велешанецот Л.Х. ( 36 год)  оваа година во Велес извршиле три разбојништва, две тешки кражби и три кражби. Биле фатени на дело како крадат во маркет во градот. Тоа се случило на 9-ми ноември во 3 часот по полноќ, кога полициска патрола  ги фатила како пребаруваат во касите на маркетот ,,Жито,,  на ул. Благој Ѓорев.

По ова полициската истрага  открила дека тројцата се сторители на две разбојништва во аптеката ,,Цито-фарма,, лоцирана во Пензионерскиот дом, кога на 18 јануари и  26 октомври под закана со нож од аптекарката однеле 30 илјади денари. На 8-ми ноември од сендвичарата ,,4-ка,, близу Работничкиот Универзитет, исто со закана од нож одзеле 20 илјади денари.

Тројката во три наврати од автомобили кои биле паркирани на градските улици, во ноќните часови украле три акумулатори, при што причиниле материјална штета од околу 4,5 илјади денари. Во еден случај, ноќе  го скршиле прозорот од Цито фарм аптеката и од касата одзеле  3 илјади денари.  СВР Велес против сите три лица ќе  поднесе кривични пријави поради сторени три кривични дела „разбојништво“ , две кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „кражба“.

Синоќа парк околу 20,00 часот, на ул. „Родна Ивева“ во продавница ТП „Јурија 2“ непознат сторител со употреба на физичка сила и закана со нож извршил разбојништво над вработената С.М.(46) од каде одзел 14.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »