речник контакт

Двајца млади велешани, ново заразени со ковид-19, тројца оздравеа

Во велешко има 29 активни случаи на лица со корона вирус

Петар Печков


Во текот на вчерашниот ден во Велес има два нови случаи на позитивни со ковид-19, а тројца се оздравени, информираа од Центарот за јавно здравје. Со ова активни се 29 случаи со корона вирус во велешко. 

Имаме два нови случи со ковид-19 во Велес и двете лица се млади личности. Не можат да кажат од кого и каде се заразиле. Пациентката се тестирала сама на приватна клиника во Скопје, машкото тука кај нас и двајцата немаат симптоми и се на домашно лекување.   Има и тројца оздравени од Инфективно одделение, кои се пуштени дома по два негативни теста на земен брис- соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. 

 Вкупниот број на заразени со корона вирус во Велес досега е 208 случаи, 166 се оздравени,   19 на домашно лекување, 8  од велешко лежат на Инфективно одделение, еден на ГОБ 8-ми септември и еден е во КПУ Идризово.

Осумнаесет лица се хоспитализирани на Инфективно одделение од Велешка Болница, три лица во текот над денот се пуштени како оздравени по два негативни теста, како и едно лице кое е позитивно, но е пуштено дома, бидејќи е во добра здравствена состојба. Од Свети Николе има 11 пациенти и во текот на вчера попладне е примен пациент од Кавадарци, сите се позитивни на ковид-19 - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на велешката општа Болница. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »