речник контакт

Двајца млади штипјани биле криумчарите на мигранти, чиј пик ап заврши во канал во центарот на Велес (видео)

Едниот од нив нападнал и полициски службеник кога бил апсен. Во возилото имало 23 мигранти. Со лесна повреда се здобило едно дете на 10 годишна возраст

Петар Печков

СВР Велес со информација за синоќешниот инцидент во центарот на градот, кога криумчари на мигратни влегоа во спротивен правец на еднонасочна улица.  При тоа звршија во канал, каде се изведуваат градежни работи. едното момче нападнал полицаец кој учествувал во акцијата за нивно апсење.
 
„На 29 октомври  во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18 год) од село Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18 год) од Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници. Околу 20.05 часот на автопатот А1, полициски службеници од ПС  за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ. При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник “ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес.

„Во болница вчера вечер донесено е дете на 10 годишна возраст, кое се жалело на повреди на глава. Испитувањата покажале дека станува збор за лесна повреда и во текот на денот ќе биде пуштено од Болница. Со него биле и неговиот татко и уште едно лице, но тие не се жалеле на повреда и не побарале лекарска помош“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи во јавност во велешка болница.

По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »