речник контакт

Двајца мотористи викендов тешко повредни откако излетале од пат

И во двата случаи, кај Катланово и кај Мамутчево, мотористите завршиле на Клинички во Скопје соа тешки повреди

Петар Печков

МВР со информација за две сообраќајни незгоди, случени независно една од друга, во кои учествувале двајца мотористи. И во двата случаи мотористите завршиле на Клинички во Скопје соа тешки повреди.

Неделата попладне  26-ти април  во 17.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, во близина на Катланово, А.Н.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо Х10 350“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во оградата од автопатот и паднал. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош - информираа од МВР.

Саботата на пладне  25-ти април  околу 12,20 часот на регионалниот пат село Мамутчево -Велес, се случила сообраќајна незгода во која С. С. (41) од Штип управувајќи  моторцикл “кавасаки“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и излетал надвор од коловозот - пишува во информацијата на МВР.

Први на помош стигнала службата за итна медицинска помош од Велес, која го имобилизирала повредениот и го префрлила во велешката Болница. Од таму информираат дека С.С. имал повеќе повреди.

Лицето е политрауматизиран со повреди на граден кош, пршлени и препратено на Клинички во Скопје  - информираше д-р Весна Николовска Неделеков  портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

По незгодата С. С со возило на Итна медицинска помош  е пренесен во Општа болница-Велес, каде му се констатирани  тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »