речник контакт

Двајца моторџии повредени возејќи кон Солунска глава

Повредените со хеликоптер пренесени на лекување во Скопје

Петар Печков

Две лица скопјани, мотористи се повредени кога со нивните  мото крос   мотоцикли се искачувале кон Солунска глава. Несреќата се случила  денес околу 13 часот во месноста викана  Бегово поле, на пат  кон врвот.  

Двајцата мотористи биле дел од поголема група која решила да се искачи на врвот, но  на полпат доживеала несреќа, паднале во дупка висока 10-тина метри. Поради карпестиот дел тие биле повредени, па  нивните колеги  морале да побараат помош од полицијата.

Поради непристапноста на теренот, бил испратен хеликоптер, кој ги  извлекол и евакуирал двете лица  кои биле повредени и биле пренесени во  Клинички во Скопје. Настанот го потврдија од МВР: Според нив И.Д. (35 год)  има тешки телесни повреди, скршеници и е задржан на лекување, додека А.В. се здобил со полесни повреди и веднаш е пуштен на домашно лекување. 

 

Секој викенд македонски мотористи, возачи на крос  мотоцикли возат во освојување на врвот Солунска глава, иако теренот е карпест и лош за возење,  но поради  предизвикот, тие се често присутни на  планината Јакупица, и од скопска  и од велешка страна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »