речник контакт

Двајца моторџии потешко повредени во сообраќајка кај базенот

Двајца велешани завршија на ортопедија во Скопје откако со нивниот мопед удриле во автомобил и се здобиле со бројни скршеници, но не се во животна опасност.

Петар Печков

 Несреќата се случила во неделата наутро во 2,40 минути на улицата Вардарска, на надвозникот кај Градскиот Базен кога мопедот управуван од А.С ( 24 год) преминал на другата сообраќајна лента и удрил во шевролет парк управувано од Ј.Н. ( 29 год).

Од силината на ударот со тешки повреди се здобиле моторџијата А.С и неговиот сопатник Т.Ѓ ( 24 год), по што се пренесени во велешката Болница од каде итно се пренесени на Клиниката за ортопедија во Скопје поради бројните скршеници на двете нозе. Докторите велат дека нивните животи не се во опасност, но поради скршениците морале да бидат пренесени во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »