речник контакт

Двајца оздравени, двајца починати од ковид 19 во Велес

11 од сега заболените се на Инфективно одделение, дел дома дел на Клинички во Скопје

Петар Печков

Двајца пациенти од Велес, кај кои беше регистрирано присуство на вирусот ковид-19 оздравеа и се дома.  Оваа вест ја потврди портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Прво заболениот пациент од Велес со ковид-19 и возачот од ШС Бабуна, кој беше на Инфективна клиника во Скопје, се оздравени, покажаа двата последователни теста и овие лица се дома - изјави д-р Весна Николовска Неделкова.  

Од 32-те досега заболени лица со корона вирус  од Велес, 11 се наоѓаат на Инфективно одделение при ЈЗСУ Општа Болница Велес, двајца се починати,  дел се на домашно лекување, дел на Инфективна клиника во Скопје. 

Починати се две лица од Велес. Старецот кој почина на1-ви април рано наутро, а по смртта му беше откириено дека е заразен со корона вирусот.   И денес починатиот велешанец на 58 годишна возраст, колега на оздравените вработени од ШС Бабуна. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »