речник контакт

Двајца осомичени од акцијата ,,Велес“ во Шутка, другите тројца дома

J.J. (35 год) и М.З. (38 год) заработија притвор во траење од по месец дена поради нелегално држење на огнено оружје.

Петар Печков

J.J. (35 год) и М.З. (38 год) заработија притвор во траење од по месец дена поради нелегално држење на огнено оружје.

Така реши истражниот судија од Основниот суд во Велес кој по барање на обвинителството им одреди мекра притвор на осоничените кај кои полицијата пронајде пиштоли и пушка. Во текот на вчерашниот ден во рамките на полициската акција „Велес“ а по добиен налог од истражен судија за претрес, во домовите на овие двајца е пронајдено оружје за кое тие немале дозвола.

Во куќата на М.З. при извршениот претрес пронајден е пиштол марка Црвена Ѕвезда М-83/92 а во викендичката пиштол марка Магнум  357 и 9 куршуми девет мм.

Во куќата на Ј.Ј. пронајден е пиштол марка ЦЅ-М-57, 21 куршум калибар 7,62 , ловна пушка „Берета“ и девет куршуми за неа, за кој тој немал дозвола. При распитот Ј.Ј. тврдел дека пиштолот го поседува од пред 15 години кога го купил од Бит пазар за 250 германски марки а пушката му била дадена на чување од Ѓ.Ѓ.

Вториот уапсен М.З. при распитот тврдел дека пиштолот го купил од непознато лице од Куманово пред 15 години. При претресот во неговата  куќа пронајдена е и дрога вредна 30 илајди денари, една опаковка хероин и една опаковка кокаин, за која тој одбил да  каже од кого е купена. За ова тој М.З.  доби и втора кривична пријава недозволено држење и тргување со опојни средства.

Останатите тројца уапсени во полициската акција „Велес“ лицата Ќ.Б.(46), К.Г. (33) и Т.Ј. (29) се пуштени дома, но полицијата  продолжува со истрагата  на инволвираноста  на овие лица со трговијата со дрога во Австрија. Нивните автомобили се одземени во интерес на истрагата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »