речник контакт

Двајца пациенти од Велес, излекувани од ковид-19, пуштени се дома

Викендот две лица поради влошена здравствена состојба се пренесени на Инфективна клиника во Скопје

Петар Печков

Во Велес изминатите денови две лица  се излекувани а биле позитивни на ковид-19. Тие се веќе дома со што бројката на излекувани во градот се искачи на четворица.  

Откако покажа две последователни негативни теста на ковид-19, две лица се пуштени дома, како излекувани. Тоа се лица од прво заболените. Продолжениот празничен викенд две лица од ново заболените, поради здравствени проблеми се пренесени на Инфективна клиника во Скопје. Во Велес на листата на заболени има и две деца, кои се позитивни  - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.  

Таму заклучно со вчера, се хоспитализирани 19 лица, од нив за две се непотврдени и се чекаат резултатите.  

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Велес  изнесува 59 лица од  нив 52 активни и тројца досега починати. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »