речник контакт

Двајца полицајци осомничени дека побарале мито

Двајцата полициски службеници побарале три илјади денари за да не санкционираат сообраќаен прекршок

Петар Печков

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднело  кривична против двајца полицајци.

„Против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поднесени се кривични пријави  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "примање поткуп" по член 357 од Кривичниот Закон. Имено, полициските службеници на 16 јуни годинава, за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари“ - соопштија од МВР.

Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а истите ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »