речник контакт

Двајца починати пациенти, позитивни на ковид-19 од Велес

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти изнесува 48. Изминатите 24 часа, во велешко има 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19.

Петар Печков

Изминатите 24 часа починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19 а згрижени во велешка Болница, на Инфективното одделение. Тоа се жена на 58 годишна возраст и маж на 70 годишна возраст, информираа од Болницата. Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на ковид заразата достигна до 228 лица.

Изминатите 24 часа, во велешко има 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19.  Во истиот период оздравени се двајца пациенти, информираа од Инситутот за јавно здравје. Бројот на активи случаи се искачи на 351. 

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти во трите ковид одделенија  е за еден поголем  од вчера и изнесува 48, потврдени се 33, непотврден е еден случај а негативни се 14 но со потреба од продолжено лекување.

„Ново примени се пет пациенти, еден на Инфективно и четворица во Модурната.  На кислородна поддршка се 25 пациенти. Испишани со по еден негативен тест како оздравени се двајца пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.

Од згрижените  пациенти 24 се на Инфективно одделение, 16 во Модуларната болница, додека на Интерно  се осуммина. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »