речник контакт

Двајца починати велешани и 45 нови случаи со ковид-19

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 27 пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Расте бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко. Откако вчера имаше регистрирано 53,  изминатите 24 часа има 45 а само седуммина се оздравени. Ова се податоци кои во дневниот билтен ги објави Министерството за здравство. 

Има почината и двајца пациенти од Велес, еден на 57 годишна возраст кој бил на лекување во скопските клиники и маж на 84 години, кој се лекувал на Инфективно одделение во велешка Болница.  Таму починал и пациент од Свети Николе маж на 80 годишна возраст.  Досега во новата 2022 година има починати три лица од последиците на ковид заразата од Велес. Досега во велешко таа бројка достигна до 282 лица.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 27  пациенти, еден повеќе од вчера. Ново примени  се петмина  пациенти, двајца префрлени од Интерно,  испишан е еден  пациент со еден негативен тест како оздравен.  

„Од згрижените пациенти,  18   се позитивни, непотврден е   еден   и  осум  се негативни. На кислородна поддршка се шест  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 22 а на Интерно одделение петмина  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »