речник контакт

Двајца починати велешани од последиците на ковид заразата

Пред повторно отворање е монтажната ковид болница во Велес

Петар Печков

Во Велес починати се двајца пациенти позитивни на ковид-19, соопштија надлежните. Министерството за здравството информира за пациент кој бил на лекување во скопските клиники, маж на 43 годишна возраст, додека од велешка Болница соопштија дека починало лице на 70 години, исто така маж од Велес. Со ова бројот на почитани од последиците на ковид заразата во велешко достигна до 290 лица.

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 24 нови случаи на лица позитивни на ковид-19  а оздравени се 31. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство.

Во велешко активни се 384  случаи на пациенти со ковид-19.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 54 пациенти, четворица  повеќе  од вчера. Ново примени  се четворица  пациенти а една пациентка  е  префрлена од Интерно одделение, испишани како оздравени нема.

„Од згрижените пациенти,  40  се позитивни, непотврдени се  четворица,   негативни се десетмина. На кислородна поддршка се 23  пациенти “ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение згрижени се 49 а капацитетот е 54 кревети а на Интерно одделение се петмина  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »