речник контакт

Двајца починати од Велес и девет нови случаи со ковид-19

Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница, како и претходните денови згрижени се девет пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа девет ново заразени со ковид-19 во велешко а оздравени се  осуммина  пациенти,  соопшти  Министерството за здравство. Бројката на активни случаи е 34.

Починати  се две лица  од Велес. За маж од 78 години со ковид пневмонија  информираа од велешка Болница, додека за пациент од Велс на 76 години кој бил на лекување во Скопје, соопштија од Министерството за здравство. Со во бројот на починати од велешко од последиците на ковид заразата е 317 лица.

Денес во двете ковид одделенија од велешка Болница, како и претходните денови   згрижени  се  девет  пациенти. Hа Инфективно  се хоспитализирани петмина  а на Интерно се четворица    пациенти. Нема испишани а ново  примен е еден пациент.

„Потврдено позитивни се четворица, исто толку  четворица се негативни, но со потреба од болнички третман,  непотврден е еден. На кислородна поддршка нема   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »