речник контакт

Двајца починати од последици на ковид-19, во Болница се помалку слободни места

Вработените од ЈКП Дервен ќе помагаат во дотур на кислородни боци во велешка Болница, во велешко 51 нов случај на ковид-19

Петар Печков

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа во велешко има 51 ново регистриран случај на ковид-19, а оздравени се 38 лица. Или активни се 799 случаи а досега биле заразени 4.779 лица.


Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 99 пациенти,  од кои 91 се потврдени позитивни, шест се  сомнителни  и двајца пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. Дванаесет пациенти од Велес се на лекување во клиниките во Скопје.

 
„Почината е пациентка на 69 годишна возраст од Велес позитивна, лекувана осум  дена на Инфективно одделение. На кислородна поддршка се 49 пациенти. Испишани се четири  пациенти како оздравени  со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.  Во Скопје на клиниките е починат пациент, велешанец,  позитивен на ковид-19, лице на возраст од  56 години.  Со ова бројката на починати пациенти од последиците на ковид-19 во велешко е 143 лица.

На Инфективно одделение исполнет е капацитетот од   54 кревети, на Интерно има  пет и во Модуларната болница има 40 пациенти.

Поради зголемениот број на  количества на кислородни боци, кои се доставуваат до Инфективното одделение и во Интерното,  Општинскиот кризен штаб донел одлука  вработените од ЈКП Дервен - Паркови и зеленило и комунална хигиена,  да помагаат во дотурот и дистрибуцијата на кислородни боци во велешка Болница соопшти денес градоначалникот Аце Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »