речник контакт

Двајца починати од последиците на ковид-19 во Велес, и по 11 ново заразени и оздравени

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 56 пациенти

Петар Печков

Во велешката Болница има двајца починати пациенти, како последица на корона вирусот. Починати се двајца мажи, едниот на 73 годишна возраст од Горно Оризари и вториот од Велес на 80 година возраст.  Со ова бројката на починати  во велешко е 238 лица.

Ист е бројот на  ново заразени и оздравени  изминатите 24 часа во велешко,по 11 лица, објавен од Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко е  358 лица.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 56  пациенти. Потврдено позитивни се 37, непотврдени  се пет и  негативни се 14, но со потреба од продолжено лекување, потреба од кислородна поддршка.

„Ново примени се тројца пациенти, двајца на  Инфективно  одделение и еден во Моудларната Болница.  Испишани како оздравени се двајца пациенти кои се оздравени си по еден негативен ПЦР тест. На континуирана кислородна поддршка се 23 пациенти. Извршен е еден трансфер на пациент на возраст од 46 години во клиниката „Жан Митрев“ - кажа д-р Елена Левкова  Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение има згрижени 27 пациенти, во Интерното осум и во Модуларната Болница 21. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »