речник контакт

Двајца прилепчани во обид да бидат сопрени, им се заканиле со пиштол на полицајците

При обидот за бегство ја оштетиле наплатната рампа Сопот

Петар Печков

Понеделникот вечер, двајца прилепчани се уапсени, откако впериле оружје кон полициска екипа, која била на наплатна рампа Сопот.  Прилепчаните во обид да побегнат ја оштетиле наплатната рампа. МВР со детали за инцидентот.

„На  5- ти јули од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп.  Двете лица во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје- Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја  оштетиле наплатната рампа.  Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема“ - пишува во билтенот на МВР.  

 Известен бил  Јавен обвинител и по документирање на случајот против двете лица од Прилеп,  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »