речник контакт

Двајца скопјани украле 24 акумулатори од мобилни оператори

Добија условни затворски казни

Петар Печков

Двајца скопјани довија условни затворски казни, оти украле 24 акумулатори од базните станици на  мобилните оператори.   Александар Анастасовски и Борис Поповски  во Основен суд Велес се осудени за  кривично дело Тешка кражба.

Откако ја признаа вината добија една година затвор, која ќе ја одлежат ако во следните две не сторат ново кривично дело.   Бидејќи украдените акумулатори ги вратиле на мобилните оператори, немаат обврска да плаќаат штета.  

Делото го сториле на 28 ноември лани, во временскиот период од 11 со 13 часот   кога Александар Анастасовски и Борис Поповски, кој по струка е електроинженер -невработен, провалиле во  две  базни  станица на Bип и Мобимак,  од каде одзеле 24 акумулатори во вкупен износ од 194.200 денари. Пресудата е правосилна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »