речник контакт

Двајца скопјани украле две патки од езеро Младост, добија условни затворски казни

Влегле во езерото, си ги земале со раце патките и заминале

Петар Печков

Двајца скопјани, браќа,  се осудени на условни казни затвор, затоа што од езерото Младост украле две пајки. 

Седат и Лиридон Синани, делото го сториле на 4-ти мај, минатата година, околу 17,10 часот и тоа пред гостите кои биле на блиските  угостителски тераси.

Според обвинението браќата Синани дошле со автомобил и од водите на езерото Младост, каде со дивечот, гуски, патки, стопанисува ловното друштво ,,Руен,, од Велес,  украле две патки-глуварки. Тие ги земале со раце од водата,  ги ставиле во багажникот од автомобилот и си заминале. Со ова  сториле дело ,,незаконит лов,,.   

Во Основен суд Велес им е изречена алтернативна казна затвор од  три месеци, која ќе се изврши ако во следните 12 месеци  Седат и Лиридон Синани сторат ново кривично дело. 

Тие се осудени оти со Законот за ловство  во времето кога го сториле делото 4-ти мај е време на ловостој, кој е утврден време во период  од 1-ви Март до 31-ви јули. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »