речник контакт

Двајца чашкарци физички нападнале полицајци додека биле на служба

Физички бил нападнати полициски службеници додека извршувале службени задачи

Петар Печков

Две лица од населба Чашка, саботата навечер физички нападнале полициска патрола во центарот на Велес. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 16 ноември  во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода З.Н.(34 год) и Д.Н.(41 год), двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Двете лица З.Н. и Д.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »