речник контакт

Две деца на Бабуна се судриле со велосипеди, едното се здобило со тешки повреди

Едното од децата има повреди на заби и вилица, другото на лице

Петар Печков

 Вчера напладне  на излетничкато место Бабуна се удриле два велосипедисти, двајца малолетници, при што едниот се здобил со тешки телесни повреди. СВР Велес информираше за инцидентот.

На 2-ри јули во 13  часот било пријавено дека на место викано „Бабуна“, на патниот правец Велес- Градско, се судриле два велосипеда управувани од двајца 14-годишници од Велес. Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди - информираа од СВР Велес. Еднмот од повердените е пренесен до велешка Болница со возило на Итната помош, откако му е дадена неопходната здравствена  помош.

Од велешката Болница дека кај нив се примени две деца со повреди здобиени од меѓусебен судир со велосипеди.

Едното дете има повреди на заби и вилица поради што е со упат упатено на максиофацијална хирургија во Скопје. Второто дете има телесни повреди по лицето и е пуштено на домашно лекување- соопшти д-р Весна Николовска Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »