речник контакт

Две деца паднале од мотор кај Теовски мост, едното завршило во болница во Скопје

Настанот се случил околу полноќ

Петар Печков

Ноќеска околу полноќ, две деца возејјќи  мотор, паднале а едното од нив тешко се повредело и е пренесено на клиника во Скопје.

„На 30-ти јули  околу 24.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Богомила - Стари Град, пред „Теовски мост“, А.М.(18) од село Мартолци, управувајќи мопед „Лифан“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола, по што излетал од коловозот и паднал. Во незгодата, А.М. се стекнал со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес“- соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВ Р Велес.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес. Од велешката Болница информираа дека кај нив се донесени две повредени помлади лица.

„Повредени се две лица, едно на 14 годишна возраст со лесни телесни повреди пуштено на домашно лекување и лице на 18 годишна возраст со повреди на глава, при што по извршените потребни иследувања препратено е на Неврохирургија Скопје“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.    

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »