речник контакт

Две докторки од велешката Болница меѓу стоте најдобри

За септември тоа се д-р Ѓорѓевиќ и д-р Јовановска

Петар Печков

По летната пауза, поради годишните одмори, Министерството за здравство повторно ја составува листата на најдобрите 100 доктори. На неа за месец септември се две доктори од велешката Општа Болница, д-р Мила Ѓорѓевиќ - офтамолог и д-р Нада Јовановска физијатар. 

Како награда докторите  добиваат посебно признание и паричен надомест во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнал најдобар резултат.

Со овој проект се вреднува работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи. Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се бројот на извршени прегледи и операции евидентирани во Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин - велат од Министерството за здравство. 

 Листата на докторите специјалисти   се однесува на докторите од секундарното и терцијарното здравство, кои според Министерството се движечка сила во  своите  институции.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »