речник контакт

Две екипи од ОФС Велес во новата фудбалска сезона од Третата лига Југ

Лигата брои 12 екипи, меѓу нив се и ФК Превалец и новакот ФК Башкими од Горно Јаболчиште

Петар Печков

Познати се  12 екипи кои од оваа есен, новото првенство на Третата фудбалска лига Југ, ќе се натпреваруваат во оваа зона.

Од ОФС Велес има две екипи ФК Превалец  и  ФК Башкими   од Горно Јаболчиште, исто толку има и од ОФС Кавадарци – ФК Росоман и ФК Марена, од Неготино една - ФК Венец  од Долни Дисан. Најмногу клубови седум, има од Општинскиот сојуз на Прилеп:  ФК Питу Гули  и ФК Бучим од Крушево, ФК Младост -Кривогаштани, ФК Големо Коњари од истоименото село,  ФК Слога од Лажани, ФК Ултрас  од Прилеп и  ФК Влазними јуниор  од Пресил.

Доколку некој од овие клубови се откаже пред стартот на новото првенство, ќе го замени ФК Обршани од истоименот прилепско  село.

Според договорена ротација, седиштето на лигата се пресели од Велес, во наредните две години во Кавадарци.

Во Управниот одбор на лигата  членуваат претседателите на Општинските сојузи на Неготино Јордан Ангелов, на Велес Лазар Ракиџиев, на Прилеп Марјан Стојковски и на Кавадарци Сашко Тасев, кој раководи со лигата.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »