речник контакт

Две каснувања на змија во велешко годинава

И во двата случаи се земјоделци кои работеле во поле

Петар Печков

Во текот на првите шест месеци годинава во велешко регистрирани се две каснувања од змија. Ова го соопштија од ЈЗУ Општа Болница Велес, каде двете лица побарале помош на инфективното одделение.

И во двата случаи станувало збор за земјоделци, кои кога биле каснати работеле во поле. Едниот случај е на маж од село Караслари а во вториот  жена од село Бузалково.  На каснатите лица им бил даден серум против змија.

Во 2017-та и во 2016-та имаше по еден случај на каснати од змија. лани беше посетител на Градскиот парк, додека  во 2016-та полјоделец кој беше каснат до змија уште на крајот од март.

За разлика од тоа во 2015-та имало пет случаи на каснување од змија. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »