речник контакт

Две лица вчера на работа биле каснати од рој оси и стршени, едниот почина

Двете лица истовремено биле примени во Болница едниот на анестезиологија вториот на Интерно

Петар Печков

Двајца велешани во текот на вчерашниот ден се каснати од оси, едниот минал без последици, вториот починал. Според информациите од читателите на ТрМр, настанот се случил во фирма во Велес,  лоцирана во Речани, каде двете лица  С.Љ (60 год) и Б.Б. (32 год)  работеле.

„По налог на сопственикот, тие преместувале кревет. Под него имало гнездо осило, по што осите се вознемириле и рој од нив почнале да го касаат лицето на 60 годишна возраст а потоа и другиот на 32 годишна возраст. Имало и стршени а   повозрасниот  имал 40 до 50 убоди.  Тој  беше изнесен и седнат под дрво, почнал да се гуши, го освежувале со вода колегите.  Дошла лекарска екипа од Брза помош му пуштиле инјекции  и го префрлиле во Болница“ - велат  лица кои се упатени во настанот.

Помладиот Б.Б. бил однесен со приватен автомобил во велешка Болница.

Од велешка Болница објаснуваат дека истовремено на две одделенија анестезиологија и на Интерно се примени двајца пациенти.  

„Истовремено во велешка Болница се донесени двајца пациенти. Едниот од нив е донесен на Интерно одделение и примил ампуларна терапија, вториот пациент е на хирургија. Тој е шокиран, во безсознание, пристапено е кон реанимација, која не вродила со подобрување на состојбата“- кажа д-р- Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »