Петар Печков
Објавено: четврток, 07 октомври 2021
Вторникот вечерта, полицијата уапсила како две лица кинат пропаганден материјал. За настанот информираа од СВР Велес.
„На 05т- октомври околу 22.40 часот на ул.„Ѓоре Органџиев“ во Велес, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н.(25) и Љ.П.(34), двајцата од Велес, затоа што биле забележани додека кинеле плакати на кандидат за градоначалник на Велес“ -соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Викендот градоначалникот на Лозово, пријавил во полиција дека во село Каратманово, тамошен жител се обиделе да го нападне со метален предмет.
фото- илустрација
Tweet |