речник контакт

Две недели се чистеше сметот од двата празнични дена за први мај

При оваа актиност комуналците од ЈКП Дервен собраа 23 трактори смет. Многу повеќе на езеро Младост, многу малку на реката Бабуна

Петар Печков

Две седмици комуналците од ЈКП Дервен го чистеа  сметот кои посетителите го оставија по првомајскиот викенд на излетничките места во околината на Велес, при што собраа 23 трактори со отпадоци. На езерото Младост и реката Бабуна, долниот тек, беа собрани 40 м3 ѓубре кое надлежните дванаесет дена го прибираа.

Повеќето од сметот беше покрај брегот на езерото Младост додека многу помалку покрај реката Бабуна. Хартија, пластични шишиња, искршени и повеќе неупотребливи викенд столчиња, заборавени скари, се најдоа во стотиците килограми смет кои завршија на градската депонија.

Од ЈКП Дервен апелираат дека овој простор, кој служи за излет, сега е чист во пресрет на летната сезона и гостите да ги користат кантите за отпад за да не се повторува оваа грда првомајска слика.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »