речник контакт

Две нови претстави во подготовка во велешки театар

„Кралот Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски и „Спанаќ со компири“ по текст на Золтан Егреши во режија на Ненад Витанов, до крајот на април пред велешката публика

Петар Печков

Две нови продукции започнаа да се работат во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. Едната на големата другата на малата сцена.  Тоа се  „Кралот Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски и „Спанаќ со компири“ по текст на Золтан Егреши, а во режија на Ненад Витанов.

На големата сцена започна да се работи  ,,Кралот Иби,, која на велешката сцена била играна и во далечната 1984-та година во режија на Стојан Стојановски. Уметничкиот директор Васил Зафирчев појасни дека текстот на Жари и денес е актуелен и современ, секаде во светот а претставата се работи по современ и курентен режисерски концепт на  Цветановски.

Кралот Иби за мене е ода на глупоста на владетелите Низ очите на татко Иби да ја погледнеме  историјата на владетелите, историјата која има темна страна, природа.  Жанровски е комедија, ние во неа вметнавме шамари кои ќе не враќаат во реалноста бидејќи историјата е учител и искуство,  кое треба да ни покажува како за постапуваме за да не ги направиме истите грешки од порано. Текстот го поставуваме на комичен начин, со горчлив вкус  - изјави  режисерите Цветановски.

Во претставата настапуваа дел од велешката актерска екипа и како гости  Зоран Љутков и  од театар ,,Комедија,, Жарко Димовски и Едмунд Сотир.   Паралелно во велешкиот театар, за малата сцена се подготвува и претставата „Спанаќ со компири“, кој се работи од сопствени средства, надвор од програмата на Министерството за култура.

 Работена е според текст на унгарскиот драмски автор  од средната генерација Золтан Егреши, а во режија на Ненад Витанов.  За оваа претстава велешкиот татар ги откупил авторските прва. Станува збор за урнебесна комедија  Владимир Тулиев гостин од штипски театар со Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.

Текстот го чувствувам како ексклузивитет, не затоа што во него има нешто ексклузивно, туку затоа што обработува човечка приказна на обичниот човек. Во денешното модерно време се почесто ги забораваме приказните  на обичните луѓе, а кои се случуваат во нашето маало и опкружување  - рече режисерот Витанов.

 Претставата,, Спанаќ со компири,,  не е за деликатеси туку за страст кон фудбалот  кон животот, виден низ животот на тројца фудбалски судии, пред за време и на крајот од натпреварот.  Премиерите се најавени за до крајот ан месец април.

 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »