речник контакт

Две починати лица од велешко и седум ново заразени со ковид-19

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 31 пациент, еден помалку од вчера

Петар Печков

Две починати лица, позитивни на ковид-19 од Велес регистрираше Институтот за јавно здравје. Едното жена на 73 годишна возраст која се лекувала на Инфективно во Велес, за која информираа од велешката Болница и уште еден пациент од Велес на 92 годишна возраст, кој исто така се лекувал во болнички услови, каде и починал. Со ова бројот на починати лица од велешко, од последиците на корона вирусот достигна 267.

Изминатите 24 часа во велешко има повеќе оздравени - девет отколку ново заразени- седум. Бројот на активни случаи е 174.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 31 пациент,  еден помалку  од  вчера.  Од нив 17  се потврдени позитивни  со ПЦР тест, непотврдени се петмина   и негативни се деветмина, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се двајца нови случаи, испишан како оздравен со еден негативен тест име еден пациент. На  континуирана кислородна поддршка се19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 25 пациенти и шестмина  на Интерно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »