речник контакт

Две сообраќајки, настрадаа деца пешаци

Едната во Велес, втората во Бузалково. Децата се повредени но надвор од животна опасност и згрижени во Болница

Петар Печков

СВР Велес информираше за две сообраќајки во која како повредени се две деца на 11 и 4 годишна возраст. 

Денес, среда   во 12.35 ч. на улица Благој Ѓорев пред зграда бр.127 во Велес,  дојдено е до сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил марка„пежо“ со велешки реистерски ознаки управуван од 46- годишен жител на Велес и 11- годишно дете пешак. По несреќата пешакот е пренесен во Медицински центар Велес каде се констатирани телесни повреди и е задржан на лекување..

Во понеделникот попладне  околу 17.20 час. во село  Бузалково  дојдено е до сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило марка „мерцедес“ со велешки регистерски ознаки управувано од 22- годишен жител на село Бузалково и 4- годишно дете во својство на пешак. По несреќата детето е пренесено во Медицински центар Велес заради укажување лекарска помош и истото е препратено на клиника во Скопје. 

И во двата случаи по овластување на јавен обвинител увид на лице место  извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, по што ќе бидат познати причините за незгодите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »